Елмас се радува на нов трофеј: Наполи го освои Суперкупот на Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи триумфираа во финалето на Суперкупот на Италија против Болоња со 2-0 во Ријад, па така македонскиот репрезентативец и неговите колеги се закитија со уште една титула.

Наполи го отвори резултатот во 39. минута кога Давид Нерез испрати прекрасен удар и погоди за водство од 1-0, а истиот фудбалер стрелаше и во 57. минута кога ги постави конечните 2-0 и го обезбеди триумфот за екипата од Неапол.

Елмас беше стартер на мечот за актуелниот италијански шампион, а на теренот остана до 68. минута, по што беше заменет со Ноа Ланг.