Еспањол го надигра Атлетик Билбао за петти триумф по ред во Ла Лига

Фудбалерите на Еспањол остварија голема победа на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2-1 во 17. коло од шпанската Ла Лига.

Атлетик Билбао поведе со гол во 38. минута, но радоста не траеше долго затоа што набрзо Ромеро стрелаше за 1-1.

Еспањол постигна и втор гол на стартот на второто полувреме преку Пере Мила за триумф од 2-1.

Standings provided by Sofascore

Фото: Espanyol FC/Facebook