Исак заврши на операција - го чека пауза од неколку месеци!

Напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак се здоби со скршеница на дербито против Тотнем, по што заврши на операција поради која ќе мора да паузира неколку месеци.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Исак имал успешна операција на фрактурата, по што се очекува да паузира неколку месеци, но засега не се открива кога точно се очекува негово враќање на теренот.

Исак по доаѓањето во Ливерпул настапи на 16 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна три голови и една асистенција.

Фото: Facebook/Liverpool FC