Кристенсен во аут до април, Барселона носи фантастична замена!?

Шпанскиот шампион Барселона потврди дека Андреас Кристенсен претрпел тешка повреда на коленото на тренингот пред натпреварот со Виљареал поради што го очекува пауза од најмалку четири месеци.

Клубот веќе почна да бара замена за него, неколку имиња се поврзуваат со Барса, но како што стојат работите, се чини дека е јасно кого ќе доведе. Станува збор за Ињиго Мартинез кој летоска се пресели во Ал Наср, но не е задоволен таму и би можел експресно да се врати назад.

Секако, опцијата за враќање во Барселона е сигурен избор за него и тој веќе стави до знаење дека би бил многу среќен да се врати во каталонскиот клуб. Во исто време се обидува да го раскине договорот со Ал Наср, што би ѝ го олеснило на Барселона да го врати во својот тим.