Винисиус збеснал поради навивачите: По ѓаволите...ова беше само прва акција!

Реал Мадрид викендов славеше победа над Севиља од 2-0 во рамките од 18. коло во Примера, но по овој натпревар многу се зборува за Винисиус Жуниор.

Според информациите на шпанските медиуми, навивачите се бесни поради однесувањето на фудбалерот во изминатиот период во кој Реал имаше лоши резултати. Екипата го изгуби врвот во Ла Лига, додека за Винисиус се пишуваше дека е лидер на побуната во соблекувалната против Алонсо.

Во овој дуел навивачите јасно му покажаа што мислат со тоа што му испраќаа свирежи од почетокот се до 83. минута кога беше заменет од Гонзало Гарсија.

Камерите во еден момент и го снимиле Винисиус кој не го криел разочарувањето од таквата ситуација.

„Што да правам? Ова е прва акција на натпреварот....по ѓаволите“, извикал Винисиус, открија експертите за читање од усни.

Винисиус член на Реал е седум години и досега одигра 346 натпревари во кои постигна 111 гола и подели 91 асистенција.