
Вардарецот Абутовиќ се враќа во Македонија, ќе игра за - Пелистер!
Абутовиќ кој седум сезони го носеше дресот на Вардар со кој го крена и пехарот од Лигата на шампионите, се избори и за статус на клупска легенда, сега се сели во најголемиот ривал на црвено-црните.
Дефанзивецот го напушти францускиот Шарт каде што ги помина изминатите две сезони и постигна договор со Пелистер.
Наскоро се очекува битолскиот клуб и официјално да го потврди ангажманот на Абутовиќ.