Вардар прв ќе го тестира Кирил Лазаров како тренер на - клупско ниво (ФОТО)

Двојниот европски шампион Вардар ја доби честа да биде првиот сериозен тест за Кирил Лазаров во новата епизода од неговата кариерата, како тренер на клупско ниво и тоа на новиот суперлигаш Алкалоид.

Овој меч ќе се одигра на стартот од традиционалниот меѓународен турнир во Струга, кој од 16 до 20 август ќе се одигра на отвореното ракометно игралиште „Женска плажа“. Предвидено е дневно да се играат по три натпревари, со последниот финален меч закажан за 20 август во крајниот вечерен термин.

На турнирот во Струга ќе настапат осум екипи и тоа со Вардар, Алкалоид, Бутел и Целје во едната и Пелистер, Татран Пешов, АЕК Атина и домашниот состав во втората група.