Вардар Неготино даде отпор, но не издржа до крај против Прилеп

Ракометарите на Прилеп беа подобри од Вардар Неготино со 30-22 за втора победа во македонската Суперлига.

Прилеп имаше добар старт и набрзо создаде предност од четири погодоци (5-1), но Вардар Неготино влезе во ритам и на полувреме замина со 14-14.

Домаќините заиграа подобро во второто полувреме и набрзо го скршија отпорот на Вардар Неготино за победа од 30-22.

Најдобар во победничкиот тим беше Денис Шабановиќ со седум гола, додека Лазар Адамовиќ постигна 11 погодоци за Вардар Неготино.