Вардар му даде 41 гол на Слован и ќе игра финале на Лабин купот!
Како дел од подготовките за продолжението од сезоната, ракометарите на Вардар играат на Лабин купот.
Денеска црвено-црните го прегазија Слован совладувајќи го со 41-30.
Дури тројца ракометари дадоа по пет голови, Тузолана, Лазаревски и Горига.
Во финалето Вардар ќе игра против Загреб, мечот на програмата е од 20:15 часот.