Ѓоковиќ: Им благодарам на „експертите“ кои ме пензионираа!

Новак Ѓоковиќ денеска извојува огромна победа против Јаник Синер и на сите им докажа дека уште може да се бори за грен-слем титулите, а по крајот на мечот им одговори на тие што се сомневаа во него.

Победата над Синер не беше само за пласман во финале, таа беше и за докажување дека Новак може уште да се носи со најдобрите иако многумина веруваа дека неговото време е минато.

„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека оддеднаш се појавија многу „експерти“ кои сака да ме пензионираат или тоа веќе го направија повеќепати во текот на последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:

„Сакам да им се заблагодарам на тие бидејќи ми дадоа сила и мотивација да им го покажам спротивното, што денеска и го направив. За мене ова не е изненадување. Знам за што сум способен“.

„Нема да се осудам да речам дека ова е мој најдобар меч во кариерата, но секако дека е мојот најдобар во последните неколку години. Ако се земат во предвид сите околности и полуфинале против Синер кој во последните две години го игра најдобриот тенис во кариерата, особено тука, каде што две години по ред го освојува турнирот - тешко може подобро од ова“.