Хрватска немаше сили, Германија ќе игра за трета европска титула
Првото полувреме донесе изедначена игра во која и двете репрезентаци на неколку пати се менуваа во водство. На одмор со предност од два гола (17-15) заминаа Германците.
Второто полувреме донесе поинква слика на теренот, Германија почна полека да „одлепува“, а Хрватска изгледаше како да губи сили.
На стартот од вториот дел веднаш направија серија од 5-0 и по тој момент Хрватска во ниту еден момент целосно не се врати во мечот. Предноста одеше и до највисоки „плус седум“. На крајот Хрватска успеа само да го ублажи поразот.
Лукас Зербе беше најефикасен кај Германија со шест гола, исто толку постигна и Тин Лучин за Хрватска. Мора да се истакне и голманот Волф кој беше одличен на голот и собра 13 интервенции.
Во финалето Германија ќе го чека подобриот од второто полуфинале кое се игра вечерва меѓу Данска и Исланд.