Ѓоковиќ знае што сигурно нема да прави пред финалето против Алкараз

Ѓоковиќ во Австралија направи уште еден голем подвиг славејќи победа над Јаник Синер во полуфиналето, а в недела го чека борба со Алкараз за неговата 24. грен-слем титула.

 

Пред новинарите Ѓоковиќ зборуваше и за неговиот план против Шпанецот кој во овој момент е на врвот на АТП листата. 

„Не знам. Ќе видиме. Сега е скоро три часот наутро. Не можам ништо да предвидам во овој момент. Сигурно нема да тренирам утре. Ќе го искористам секој можен час за одмор и се надевам дека на денот на финалето ќе излезам на терен барем делумно освежен“, порача Новак.

Финалето во Мелбрун на програмата е в недела од 09:30 часот.