Синер откри за што најмногу жали: Овој пораз многу боли!
Иако Синер одигра одличен меч, тоа не беше доволно за денеска фантастичниот Ѓоковиќ. По натпреварот на прес-конференцијата, Италијанецот беше искрен и призна дека ова е пораз кој го боли.
„Ова е пораз кој многу боли...Турнирот ми беше исклучително важен. Сепак, вакви работи се случуваат. Мечот беше добар од двете страни. Имав многу шанси, не ги искористив и тоа посебно боли“, изјави Синер.
Тој жали за пропуштените можности, особено во решавачкиот петти сет.
„Не беше еден момент. Имав свои прилики, особено во петтиот сет. Тој одигра неколку фантастични поени и удари. Пробав неколку различни работи, но не функционираа. Имав чувство дека и првиот сет беше со огромен интензитет, сè беше како ролеркостер“, додаде италијанскиот ас.
Ѓоковиќ за титулата во Мелбурн ќе се бори со Карлос Алкараз в недела од 09:30 часот.