ЕХФ ептен забега - на хрватските навивачи им го конфискувале тапанот!
Имено, пред почетокот на натпреварот на влезот на салата според информациите на новинарот Иван Форјан кој е во Хернинг на навивачите им бил одземен тапанот кој го носеле цело првенство.
Освен тоа било одземено и големо знаме за кое хрватските медиуми и не се премногу изненадени поради димензиите, меѓутоа е чудна ситуацијата со тапанот бидејќи досега немаа проблеми.
Ваквата ситуација е само продолжеие на „војната“ во која влезе Хрватска со ЕХФ поради лошата организација.