Голема вест за Барселона: Еден од најважните во тимот стави потпис!

Екипата на Барселона денеска ги израдува навиваачите со потписот на Фермин Лопез кој ја продолжи соработката со каталонскиот гигант.

Лопез игра одлично оваа сезона и веќе постигна десет гола додавајќи и десет асистенции, а со новиот договор треба да остане во клубот до 2031 година. 

Инаку, Фермин заедно со неговиот соиграч Ламин Јамал се двајца од четирите фудбалери во најсилните европски лиги кои сезонава имаат двоцифрен број асистенции и голови.