Енди Родик со видео од три секунди потсети како новинар го потцени Ѓоковиќ

Легендарниот Енди Родик е еден од оние кои не кријат дека навиваат за Новак Ѓоковиќ за кого често има пофални зборови, а се огласи и сега веднаш по големата победа на Ѓоковиќ над Синер во полуфиналето на Австралија опен.

Родик на социјалните мрежи објави видео од Ѓоковиќ кое траеше само три секуди и во кое еден од новинарите го праша како ќе ги стигне Синер и Алкараз.

„Јас го бркам Јаник и Карлос? Во која смисла?“, збоорува Ѓоковиќ во видеото. 

Фото: EPA