Ѓоковиќ по епска битка го совлада Синер и ќе се бори за 25. гренслем-титула!
Синер тргна моќно во мечот и веднаш направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ (2-0), по што успешно го чуваше водството до конечни 6-3 во првиот сет.
Ѓоковиќ го возврати ударот во следниот сет и му го одзема сервисот на Синер во четвртиот гем (3-1), по што сервираше за да стигне до 6-3.
Третиот сет понуди голема борба меѓу двајцата тенисери, а Ѓоковиќ не издржа во завршницата и Синер ја искористи втората брејк-топка за да слави со 6-4.
Србинот веднаш на стартот на четвртиот сет направи брејк и поведе со 1-0, а италијанскиот тенисер конечно до брејк-шанси стигна во осмиот гем, но Ѓоковиќ успешно се одбрани и потоа стигна до 6-4.
Големата борба продолжи во петтиот сет, каде што Синер нападна и не искористи две брејк-топки во вториот гем, а потоа уште три во четвртиот гем. Ѓоковиќ тоа го казни во седмиот гем кога направи брејк за 4-3 и потоа се извлече од 0-40 за да стигне до 5-3, а на крајот успеа и да слави со 6-4 за да избори финале.
Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Карлос Алкараз, кој претходно славеше против Александер Зверев со 3-2 во сетови.