ЦПБ ќе ги бојкотира средбите на Работнички и побара оставка од сите во управата!
Најверните фанови на Работнички незадоволни од актуелната ситуација во нивниот клуб го кренаа гласот против управата.
„Чашата е прелеана!
Долги години нашиот миленик КК Работнички тоне во долгови и се мачи од сезона во сезона да скрпи крај со крај поради криминалците во одела во управата и стручниот штаб. Ние бараме оставка од управата во најкус можен рок и отчет на сите влезни и излезни средства од КК Работнички кој за нас е светост, а за некого очигледно само бизни проект!
Затоа одлучивме да ги бојкотираме сите домашни натпревари (на туѓ терен) на нашиот миленик.
Борбата за нас почнува во овој момент!!!
Ку*ви, политика, лопови, управа, сите сте ни преку ку*от, искрена и вечна љубов за Работнички и ништо друго“, стои во соопштението на Сити Парк Бојс.