Црвена звезда го совлада Дубаи и ја продолжи победничката серија во Евролигата!

Црвена звезда со 95-92 го победи Дубаи пред своите навивачи и запиша важна победа во борба за позиција погоре во Евролигата, ова за нив беше четврти триумф по ред.

Црвена звезда имаше неверојатна прва четвртина, им одеше се од рака, првите десет минути ги добија со фантастични 34-14, луди 20 поени разлика.

Но, колку што беше добра првата четвртина, толку беше лоша втората. Во неа црвено-белите постигнаа само десет поени, а примија 27 и го вратија Дубаи во игра.

Иако беше тесно, беше впечаток дека Црвена звезда го водеше мечот под контрола и на крајот не дозволи драма, иако конечниот резултат беше само три разлика, 95-92.

Нвора со 22 поени беше најдобар кај Црвена звезда, во составот на Дубаи Кабенгеле постигна 24 поени.