Лацио даде гол во 100. минута за три бода!
Во првиот дел немаше голови, па никој не можеше ни да претпостави што ќе се случува во второто полувреме.
Резултатот беше отворен во 56. минута кога Педро погоди од пенал за водство на Лацио од 1-0, а само шест минути подоцна Тејлор зголеми и на 2-0.
Но, Џенова не се предаде. Најпрво во 67. минута преку Малиновски од пенал намали на 2-1, а осум минути подоцна Витиња го изедначи резултатот на 2-2.
Се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, но длабоко во судиското продолжение ВАР виде играње со рака од фудбалер на Џенова во сопствениот шеснаесетник. Судијата по прегледувањето на снимката покажа на белата точка за домаќините, а Каталди реализираше за победа од 3-2.