Гостивар ја прекина серијата порази, победа против најслабиот!
Гостиварци во овој меч влегоа во лоша форма, по серија порази, но денеска тоа се промени.
Уште во првата четвртина беше јасно кој ќе биде победникот на овој меч, домашниот тим по првите десет минути водеше со 24-13. Ангели доживеа дебакл во третиот период во кој постигнаа само шест поени.
Најдобар на теренот беше кошаркарот на Гостивар, Тодоровски со 22 поени и 11 скокови. Кај Ангелов расположен беше Стефанов со 17 поени.