
Тиквеш со пресврт славеше над Бутел
Бутел подобро го започна натпреварот и ја имаше иницијативата во првите дваесетина минути, кога дојде и до највисока предност од пет гола разлика (11-6, а потоа и 12-7). Но, токму тогаш Тиквеш почна да се буди. Гостите од Кавадарци со три брзи гола ја намалија негативата, а до крајот на полувремето направија пресврт и на паузата заминаа со предност од 13-15.
Вториот дел го отворија со нов налет и два брзи погодоци, со што уште повеќе го наметнаа своето темпо и до крајот не дозволија да ја испуштат предноста.
Најефикасен кај тимот од Кавадарци беше Кривокапиќ кој постигна осум гола, шест додаде Обина, додека на спротивната страна Николов погоди осум пати, а до шест броеше Михајловиќ.
На табелата во плеј-офот Тиквеш петти со пет бода, додека Бутел со два бода е последен.