
Струга го налути Пелистер, па со полна мрежа си замина од Битола
Ракометарите на Струга во 20. минута имаа водство од 7-6, по што почна нивниот пад и голгетерската серија на Пелистер. Битолчани фатија одличен ритам и на полувреме заминаа со предност од 16-9.
Пелистер го диктираше темпото во текот на вторите 30 минути и постојано ја зголемуваше предноста до конечни 34-23.
Василев постигна шест голови во победата на Пелистер, додека Тренчевски и Бошњак стрелаа по осум пати за Струга.
Тиквеш во истиот термин се соочи против Тинекс и славеше со 26-23 за четврта победа во плејофот, додека Прилеп го совлада Вардар Неготино со 27-22 во плеј-аутот.