Струга доби засилување во стручниот штаб – Петар Ангелов-Диви!

Поранешниот македонски репрезентативен голман Петар Ангелов – Диви е нов член во стручниот штаб на РК Струга, се пофалија денеска стружани.

Ангелов е поранешен ракометен голман на Тиквеш, Металург и Вардар, а имаше интернационална кариера во француски Трембле, турска Анталија, австриски Кремс и германски Ратинген, а потоа се врати во Македонија пред пензионирање и бранеше за Тинек Пролет и Вардар Неготино, каде беше играч-тренер.

Ангелов сега ќе се посвети исклучиво на тренерскиот дел како дел од стручниот штаб на стружани.