Кејн: Имам најголеми шанси да ги освојам Мундијалот и „Златната топка“

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн кажа дека Светското првенство (СП) е идеална шанса за него да го освои најголемиот трофеј во репрезентативниот фудбал.

Кејн доаѓа на Мундијалот во одлична форма, а и самиот е свесен дека триумф на натпреварувањето ќе го направи фаворит за „Златната топка“.

„Во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи, па на секој турнир играте како да е последен. Никогаш не сум се чувствувал подобро. Најверојатно ова е најдобра шанса кога ќе ја имам да го освојам Мундијалот и ‘Златната топка’“, кажа Кејн.

Фото: Facebook/FC Bayern München