„Вардар е друго ниво, туку се размислува само на победа!“
Торес пристигна во скопскиот гигант пред неколку месеци, па минатата сезона ја заврши со два погодоци и две асистенции.
„Македонија е мирна земја, ми се допаѓа премногу. Вардар е клуб во кој има јасни очекувања, а ние во следната сезона ќе се обидеме да ги исполниме“, кажа Торес.
Пиреш пристигна во таборот на „црвено-црните“ од редовите на Силекс и кажа дека со македонскиот шампион се надева на успех.
„Секако дека има разлика меѓу Силекс и Вардар. Не можам да заборавам кој ми даде шанса да дојдам тука и морам да бидам благодарен. Но, Вардар е друго ниво, тука се размислува само на победа. Нема друга опција. Не можам да ветам некоја лична цел, но сега тука имам подобри услови, подобри соиграчи“, вели Пиреш.