Македонија со пораз од Азербејџан ги заврши квалификациите за СП (ФОТО)
Сите четири голови беа постигнати во првото полувреме, а резултатот го отвори Кристина Бакаранѕе во осмата минута од натпреварот.
Хава Мустафа израмни на 1-1 само три минути подоцна, по што Азербејџан повторно зададе удар и преку Мале Молајева го врати водството (2-1).
Азербејџан до крајот на првиот дел стрелаше повторно во мрежата на Македонија, и тоа во 37. минута преку Нигар Мирзалијева за конечни 3-1.





