И Силекс и Шкендија ги очекуваат потенцијалите ривали за второто коло од КЛ

Покрај Вардар, денеска своите ривали за следната фаза во европските купови ги очекуваат и другите два македонски претставници Силекс и Шкендија.

Двата тима би биле носители при ждрепката за второто коло. Шкендија прво се среќава со ривал од Гибралтар, а Силекс ќе се сретне со Динамо Минск од Белорусија. Тетовци со тоа што се носители ги избегнаа Панатинаикос и Ријека, додека Силекс не може да игра со Лудогорец кој последната сезона ја заврши 14-годишната доминација во бугарскиот фудбал.

Ждрепката за второто коло од Конференциската лига ќе се одржи во 14 часот.