Водителка кажа дека татко му на Меси починал, па си даде отказ!
Новинарите подоцна открија дека причина е негвиот татко кој е болен, меѓутоа водителката Флоренсија Пења објави и дека починал, па сега си даде отказ од телевизијата во која работеше.
„Не сакам да носам лоши вести, но таткото на Меси штотуку почина“, изјави таа во програмата во живо. Среде Светско првенство, тој ќе мора да замине“, изјавила во програмата.
Набрзо се покажало дека информацијата не е точна. Пења потоа јавно се извини и порача дека длабоко се срами поради она што се случило. Воедно објави дека ја напушта телевизијата и ја прекинува соработката.
„Му се извинувам на семејството Меси за ужасниот момент низ кој, претпоставувам, поминуваат. Длабоко се срамам што бев пренесувач на таа болка“, изјави Пења.
Водителката објасни дека неточната информација стигнала до неа за време на емисијата во живо.
„Морам да појаснам дека таа лажна информација ми беше доставена додека бев во програма. Продукцискиот тим ми кажа дека е потврдена и јас им поверував. И покрај тоа, го преземам својот дел од одговорноста за грешката и затоа одлучив да поднесам оставка и да ја прекинам соработката со телевизијата. Уште еднаш, од срце се извинувам. Погрешив“, рече таа.
Додека лажната вест се ширела на социјалните мрежи, Пења уште за време на емисијата се обидела да ја смири ситуацијата.
„Кружат многу гласини, сè е на социјалните мрежи, ништо не е потврдено од ниту еден медиум. Ова го појаснуваме за секој случај“, изјавила таа.
По завршувањето на емисијата, видно потресена, повторно зборувала за грешката.
„Бев во програма во живо. Немав ниту телефон ниту компјутер и немав поим што се случува. Од продукцијата ми кажаа само: Ова се случува. Јас го повторив тоа, а потоа ми рекоа: Почекај, не е проверено. Се тресам целата. Многу ме е срам, вакво нешто никогаш не ми се случило“, изјави Пења додека го напушташе студиото.