Меси го собори и рекордот на Роналдо - највозрасен со хет-трик во историјата на мундијалите
На дуелот против Алжир утринава, тој постигна хет-трик и се израмни со Мирослав Клосе на врвот на листата на стрелци на мундијалите со по 16 гола. Следниот ќе значи нов рекорд, ако претходно Килијан Мбапе не се погрижи да избие пред нив.
Но, освен што се израмни со Клосе, Меси утринава постави и нов рекорд на светските првенства. Со безмалку 39 години (ќе наполни за точно една недела), тој стана највозрасен фудбалер во историјата кој постигнал хет-трик на еден натпревар. Досегашниот рекорд го држеше Кристијано Роналдо кој реализира три гола на еден меч против Шпанија на мундијалот во 2018 година.
Уште повеќе, Меси сите три гола ги постигна од игра, додека Роналдо еден од нив запиша од пенал.