Меси се расплака по првиот гол за Аргентина: Поминувам низ тежок период...

Лионел Меси, само една седмица пред својот 39. роденден, постигна хет-трик за историја на Светските првенства.

На првиот натпревар на Аргентина на Мундијалот, Меси ги постигна сите три гола во победата од 3-0 над Алжир во Канзас Сити. Со тоа стигна до вкупно 16 погодоци на Светските првенства и се израмни со Мирослав Клосе, кој досега беше осамен на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на Мундијалите.

Меси головите за историскиот подвиг ги постигна во 17., 60. и 76. минута, а посебно внимание привлече моментот по првиот погодок, кога камерите забележаа дека плаче. На прв поглед не изгледаше дека станува збор за солзи радосници, а аргентинската ѕвезда по натпреварот ја објасни причината.

„Да, плачев по првиот гол... Но тоа беше поради нешто што нема никаква врска со фудбалот. Поминав низ тежок период, но сум благодарен на целата аргентинска делегација и на моите соиграчи затоа што секогаш се покрај мене и ми даваат голема сила“, изјави Меси по натпреварот.