Крај на долгиот пост: Австрија против Јордан до првата победа по 36 години (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Австрија со победа од 3-1 го затвори ефикасниот ден на Светското првенство во кој се одиграа четири натпревари и беа постигнати вкупно 16 гола.

Австријците го совладаа аутсајдерот Јордан и дојдоа до првата победа на мундијалите по пауза од 36 години. Последната ја остварија на 19 јуни 1990 на шампионатот во Италија кога во третото коло беа подобри од САД со 2-1. Подоцна играа на уште едно првенство, во 1998 година, но таму имаа два нерешени резултати и еден пораз, па мораа да чекаат 28 години за нов настап.

Денеска победникот беше решен во второто полувреме во кое беа постигнати три од четиритите гола, а клучно се покажа влегувањето во игра на ветеранот Марко Арнаутовиќ. Резултатот го отвори Шмит во 21. минута за во 50. Олван да израмни на 1-1 со првиот гол на Јордан на светските првенства. Својата доминација, Австрија ја круниса со нов гол, поточно автогол, во 76. минута кога Ал Араб си ја затресе мрежата за во 12. минута од судиското продолжение Арнаутовиќ од пенал да го постави конечниот резултат.

Во второто коло, Австрија ќе се сретне со фаворитот Аргентина, додека Јордан игра против Алжир во дуелот кој би можел да го донесе третиот патник во нокаут фазата од оваа група.