Ноа Лајлс постави нов светски рекорд на 150 метри (ВИДЕО)

Американската атлетска ѕвезда Ноа Лајлс уште еднаш ја потврди својата доминација на спринтерските патеки, откако славеше на трката на 150 метри на митингот во Острава.

Лајлс до победата стигна со време од 14,67 секунди, со што постави нов светски рекорд.

Олимпискиот шампион на 100 метри и четирикратен светски првак на 200 метри имаше извонреден старт, по што целосно ја контролираше трката и не им остави простор на конкурентите да го загрозат неговото водство.

Со остварувањето во Чешка, Лајлс го надмина претходниот најдобар сезонски резултат од 14,92 секунди, кој во април го постави Јамајканецот Кишане Томпсон на натпревар во Мирамар, Флорида.

Второто место во Острава го освои Јужноафриканецот Синесифо Дамбиле со 14,78 секунди, што исто така беше подобро од дотогашниот водечки резултат во сезоната. Трет заврши Австралиецот Гаут Гаут со време од 14,96 секунди.

Инаку кога е апсолутниот рекорд на 150 метри во прашање, тука и понатаму рекордер е Усаин Болт со време од 14.35 секунди во 2009 година, но тогаш Болт трчаше на рамна патека не на стадион како што беше случајот со Лајлс.