Шкотланѓаните на мака – Бостон нема доволно пиво!

Во Бостон дојде до недостиг на пиво откако пристигнаа навивачите на Шкотска која во овој град ги игра своите два натпревари од групната фаза на Светското првенство.

Како што откриле сопствениците на локалните пабови за американските медиуми, доаѓањето на шкотските навивачи предизвикало вистински бум во потрошувачката на пиво, што ги натерало угостителите итно да нарачуваат дополнителни количини.

Но, проблемите не застанале тука. Неподготвени за ваквата побарувачка останале и добавувачите, кои брзо ги испразниле своите залихи. Навивачите на Шкотска особено го преферираат своето традиционално пиво „Tennent’s Lager“, па дел од пабовите навреме обезбедиле поголеми количини од овој бренд.

Сепак, и покрај дополнителните набавки, во поголемиот дел од локалите дошло до недостиг, а без залихи останале и самите дистрибутери. Нови испораки се очекуваат во наредните денови, кога шкотските навивачи веќе ќе се преселат во Мајами, каде што нивната репрезентација ќе го одигра вториот натпревар од групната фаза.