Чалханоглу: За мене ова беше може последен Мундијал, скршени сме...
Поразот од Парагвај и покрај играч повеќе на теренот ги урна и последните надежи на избраниците на Винченцо Монтела за пласман во втората фаза. Капитенот Чалханоглу призна дека тешко ја прифаќа елиминацијата.
„Тешко е да се најдат вистинските зборови во овој момент. Со свои заслуги стигнавме дотука. Во последните два натпревари дадовме сè од себе. Шутиравме, напаѓавме, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот. Се обидувавме повторно и повторно, но не успеавме. Тоа беше чиста несреќа. Тие постигнаа гол од својот прв удар кон голот. Ние сме млад тим и пред нас има уште многу турнири. За мене, можеби ова беше последното Светско првенство... Сите сме тажни и скршени. Се обидовме, но не успеавме. Сепак, ова е важно искуство за сите нас“, изјави Чалханоглу.