Ундав со два гола ја урна Брегот на Слонова Коска и ја одведе Германија во нокаут фаза (ВИДЕО)
Германија на почетокот на натпреварот имаше поголема иницијатива, сепак и Брегот на Слоновата Коска знаеше да се закани и беа опасни. Тоа го покажаа и по половина час игра кога капитенот на репрезентацијата Франк Кеси постигна гол и го отвори резултат.
До крајот на првиот дел двапати се тресеше мрежата на африканската селекција, но и во двете ситуации имаше реакции од главниот судија, па голот на Кеси беше единствен во првите 45 минути.
Почетокот на вториот дел донесе многу поголема иницијатива на Германија, а Ундав воо 68-та минута го израмни резултатот. Во продолжение и Африканците повторно нападнаа, а кога не постигнаа втор гол стигна казната.
Повторно на сцена стапи Ундав и тоа во шестата минута од судискот продолжение кога донесе втора победа за Германија и пласман во нокаут фаза, Брегот на Слонова Коска пак останува на три бода од првиот натпревар со Еквадор.