Портокалов ураган ги однесе Швеѓаните (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Холандија речиси го обезбеди пласманот во нокаут фазата од Светското првенство откако денеска ја прегази Шведска со 5-1.

Практично, скандинвците денеска загубија со истиот резултат колку што го победија Тунис во првото коло и во последниот круг, против Јапонија ќе се бори за место во 1/16-финалето од Мундијалот. Холандија беше подобра во секој елемент и во кратки периоди на почетокот од двете полувремиња постигна голови со кои го шокира својот ривал.

Првиот налет беше во воведните 17 минути од натпреварот во кои Броби се истакна со два гола, прво на асистенција на Гакпо, а потоа на Думфрис. Швеѓаните потоа имаа неколку шанси за намалување на негативата, но неа прецизни Ајари и Ѓокереш. Само девет минути поминаа во второто полувреме, а Гакпо со два гола ја однесе Холандија до огромна предност, од 4-0.

Еланга ја врати надежта на Швеѓаните, но Самервил на истекот на основните 90 минути го постави конечниот резултат. Со четири бода Холандија е на чело на табелата и со Тунис ѝ е потребен само бод за да го завери пласманот во следната фаза.