Нема крај на кошмарите на ѕвездата на Барса: Заврши Мундијалот за Рафиња
За вакви повреди е предвидена пауза од околу еден месец, точно толку колку што има до крајот на Мундијалот на кој Рафиња требаше да биде еден од главните играчи на „кариоките“. Тој мораше да го напушти теренот во 40. минута, а од неговото лице можеше да се забележи колку е бесен поради ваквиот развој на настаните.
Ова е петта повреда на Рафиња во последните девет месеци, а поради претходните четири пропушти дури 24 натпревари на Барселона и бразилската репрезентација. Поради една неговите повреди, тој не можеше да игра во двомечот против Атлетико во Лигата на шампионите кога Барса беше елиминирана, па може да каже и дека токму делумно му ја уништи сезоната на каталонскиот клуб.
Сето ова може да доведе до најавениот трансфер на Рафиња ова лето бидејќи Ал Хилал е заинтересиран за него и нуди 80 милиони евра. Барселона на истата позиција веќе го донесе англискиот репрезентативец Ентони Гордон, а може и да го задржи Маркус Рашфорд што секако ќе биде поевтина варијанта.