Реал се исплаши од Баерн: Не преговараме со Олисе!
Свесен дека Германците би можеле да се вознемират, исто како Атлетико Мадрид, претседателот на Реал, Флорентино Перез, го активираше одделот за односи со јавноста во обид да ги смири страстите и да го врати случајот таму каде што му е местото во оваа фаза - во дијалогот помеѓу двата европски гиганти.
„Како одговор на извештаите што се појавија во различни медиуми за наводниот интерес на нашиот клуб за играчот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, Реал Мадрид сака да изјави дека немал никаков директен или индиректен контакт со фудбалерот, неговите претставници или некој во неговата околина. Реал Мадрид, исто така, сака да го истакне одличниот институционален однос што го одржува со Баерн Минхен, со кого дели долга историја на меѓусебно почитување, соработка и восхит, и жали за ширењето на шпекулации што не одговараат на вистината.
Двата клуба отсекогаш негувале однос заснован на доверба и меѓусебно почитување, што се рефлектира, меѓу другото, во заедничкото верување дека секој потенцијален интерес за играч што припаѓа на друг клуб прво мора да се реши меѓу двата клуба, во согласност со принципите на институционална лојалност што историски го регулирале односот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид“, пишува во соопштението на Баерн.
Олисе има договор со Баерн до 2029 година, а неговата пазарна вредност се проценува на 150 милиони евра. Сепак, од Баерн категорично објавија дека нема да го продадат францускиот репрезентативец ни за половина милијарда евра.