Броби и Гакпо против Шведска повторија подвиг на Ван Перси и Робен
Броби и Гакпо постигнаа по два гола, едниот во првото полувреме, другиот во второто и на тој начин го повторија подвигот на Робин Ван Перси и Арјен Робен.
Ван Перси и Робен во 2014 година на Мундијалот против Шпанија во натпревар кој исто така заврши 5-1 станаа првите двајца фудбалери на Холандија кои на еден натпревар на Светско првенство постигнаа два гола, сега Броби и Гакпо им се приклучија како само вторите.
Холандија пак со петте гола се приклучи на репрезентациите кои во историјата постигнале над 100 гола на Мундијалите.