Хаос пред борбата за место во Ла Лига: Каменуван автобусот на Малага (ВИДЕО)

Голем инцидент се случи пред вечерашното финале за место во Ла Лига помеѓу екипите на Алмерија и Малага.

Автобусот со фудбалерите на Малага беше каменуван при пристигнувањето на стадионот на Алмерија вечерва околу 20 часот. Во нападот биле искршени неколку прозорци на возилото, а парчиња стакло летале на сите страни.

Инцидентот се случи и покрај најавените засилени безбедносни мерки, а полицијата не успеа да реагира навреме да го спречи нападот. Ќе потсетиме првиот натпревар заврши без победник, па вечерва и двете екипи влегуваат со надеж дека ќе дојдат до место во шпанската елита.

Почетокот на натпреварот беше одложен поради што почна со половина час задоцнување.