Скандал на Мото ГП: Лидерот со шлаканици тепаше редар на стазата во Брно!
Лидерот во генералниот пласман падна во завршницата на трката, а наместо мирно да ја прифати ситуацијата, реагираше бурно кога се приближи до местото каде што се наоѓаше неговиот оштетен мотор. Според снимките што брзо се проширија на социјалните мрежи, Бецеки најпрво оттурнал, а потоа и удрил во пределот на лицето еден од редарите кој се наоѓал покрај мотоциклот. Изненадениот редар не возвратил на нападот, а целиот инцидент траел само неколку секунди. Сепак, реакцијата на организаторите беше експресна.
Од Мото ГП веднаш соопштија дека Бецеки е суспендиран за главната трка на Големата награда на Чешка и нема да настапи во недела.
„Однесувањето е спротивно на интересите и вредностите на спортот“, било наведено во образложението за казната.
Инцидентот може сериозно да влијае врз битката за шампионската титула. Пред викендот во Брно, Бецеки беше лидер во генералниот пласман со 180 бодови, додека неговиот најблизок ривал Хорхе Мартин имаше 165. Со пропуштањето на неделната трка, Италијанецот ризикува да ја загуби лидерската позиција и значително да си ги намали шансите во трката за титулата.