Стојоски во Волос го урна сопствениот македонски рекорд на 400 метри со пречки!

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски продолжува да ги поместува границите на домашната атлетика, откако на Балканското првенство за сениори во Волос постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки.

Тој патеката ја истрча за 51,78 секунди, подобрувајќи го сопствениот државен рекорд од 52.23 секунди, кој го постави пред само една недела. Подобрувањето од 45 стотинки претставува уште една потврда за извонредната форма на македонскиот репрезентативец, кој сезонава бележи континуиран напредок и одлични резултати на меѓународната сцена. Со новото рекордно остварување, Стојоски уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите македонски атлетичари во моментов и дека успешно се носи со конкуренцијата на најдобрите балкански натпреварувачи.

Сето ова можеби е добро во домашни рамки, но колку за споредба колку треба да се работи е податокот што светскиот и европски рекорд изнесува 45,94 секунди поставен од Норвежанецот Карстен Вормхол.