Бабунски: Имаме јасна цел за следната сезона, а тоа е групна фаза во Европа!
Бабунски посочи дека Вардар се движи во правец кој треба да го крене нивото на македонскиот фудбал.
„Вардар тргна по некоја патека, по добар правец кој треба да го крене нивото на македонскиот фудбал. Среќен сум што сум дел од нешто вакво професионално. Сакам да ја кратиме разликата со странските клубови. Визијата ни е да бидеме поблиску до најдобрите“, кажа Бабунски.
Македонскиот фудбалер кажа дека продолжуваат со напорна работа и дека имаат големи амбиции и во Европа.
„Имаме високи очекувања и за европските натпревари. Секогаш сакаме да одиме на победа, да имаме добра игра. Шкендија постигна добри работи во изминатите години, но Вардар не смее да биде ништо помалку од тоа. Целта ние е да играме во групна фаза во Европа, затоа работиме, со цела енергија да ја оствариме таа мисија. Треба да постои визија на долги стази. Сега чувствувам дека ова раководство има визија за Вардар многу години да биде стабилен клуб. Но треба да се оди чекор по чекор. Има аргументи за да се надеваме дека клубот ќе биде стабилен долгорочен“, вели македонскиот фудбалер.