Реал испрати понуда од 150 милиони евра за најголемата желба на Барселона!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се вклучи во трката за потписот на аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид.

По состанокот на управата на „кралскиот клуб“, Реал испратил понуда од 150 милиони евра за најголемата желба на Барселона, меѓутоа набрзо пристигнал одговор од Атлетико.

Атлетико не размислувал премногу и веднаш ја одбил понудата од 150 милиони евра, па наводно нема намера да го продаде Аргентинецот за сума помала од откупната клаузула.

Интересно е тоа што откупната клаузула во договорот на Алварез изнесува неверојатни 500 милиони евра.