Македонските екипи дознаа кога ќе ги добијат ривалите во европските купови

Македонските екипи наскоро ќе ги дознаат првите противници на европската сцена за сезоната 2026/27, откако Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди термините за првите две квалификациски кола во Лигата на шампиони (ЛШ), Лига Европа и Конференциската лига.

Прва на распоредот е ждрепката закажан за вторник, 16 јуни, во седиштето на УЕФА во Нион, кога ќе се извлечат паровите за првото коло од трите елитни европски натпреварувања, а еден ден подоцна УЕФА ќе има ждрепка и за второто квалификациско коло.

УЕФА официјално не го објави терминот, но досега вообичаено ждрепката почнуваше од 12 часот, при што прво се извлекуваа паровите од ЛШ, па потоа од Лига Европа и на крајот од Конференциската лига.

Првите натпревари од европските купови се играат на почетокот на јули, односно на 7 и 8 јули е закажано првото квалификациско коло од ЛШ, а реваншите се една недела подоцна. Во Конференциската лига дуелите се играат на 9 и 16 јули.

Вардар, кој ја освои титулата во македонската лига, ќе ја претставува нашата земја во ЛШ, додека Шкендија и Силекс ќе играат во Конференциската лига.