Урнебес во режија на Ибрахимовиќ – на Анри му пушти песна од Лепа Брена (ВИДЕО)
Легендарниот Швеѓанец веќе ја покажа својата наклонетост кон музиката од Балканот, кога ја прослави песната на Нада Топчагиќ „Јутро је“ на фестивалот во Сан Ремо. Сега реши на американската публика да ѝ претстави уште еден голем хит од овој регион.
За време на програмата, тој ја пушти песната на Лепа Брена „Луда за тобом“. Додека одеше песната, Ибрахимовиќ не го криеше своето уживање во оваа нумера, што ја разбуди љубопитноста на водителот на емисијата.
„Кој е изведувачот, за што е песната?“, праша водителот.
Ибрахимовиќ кратко одговори.
„Не можам да ви објаснам. За љубовта.“
Ситуацијата ги насмеа гледачите уште повеќе поради Тиери Анри, кој се обидуваше да ја скрие својата непријатност гледајќи во телефонот.