Уругвај игра на Мундијалот за помалку од 24 часа, а уште не пристигнал во САД!
Тимот на Марсело Биелса требаше од Канкун да отпатува за Мајами, каде утре го очекува дуел против Саудиска Арабија, но плановите им се расипаа поради административен проблем со авионот.
Според пишувањето на шпански „АС“, авионот што требало да ја превезе уругвајската експедиција не ги исполнувал потребните услови за влез во САД, поради што привремено му бил забранет влез во земјата.
Фудбалскиот сојуз на Уругвај заедно со ФИФА, веднаш започнале со обид за решавање на ситуацијата со цел репрезентацијата да стигне во навреме во Мајами. Според последните информации, летот бил репрограмиран и се очекува тимот сепак да пристигне навреме.
Поради целата ситуација, уругвајската репрезентација била принудена да го промени распоредот на активности, вклучително и официјалната прес-конференција која била одложена.
Тимот привремено останал во тренинг-центарот „Мајакоба“ во Мексико, каде чекал дозвола за патување. Неочекуваното доцнење значи дека една од најсилните јужноамерикански селекции ќе има помалку од 24 часа за адаптација на условите во Мајами пред премиерниот натпревар на турнирот.
Натпреварот помеѓу Уругвај и Саудиска Арабија е закажан за точно на полноќ.