Димитријевиќ играч на натпреварот во поразот на Баерн од Алба

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар, но неговиот Баерн Минхен во финалната серија од германската Бундеслига загуби од Алба со 79-86.

Баерн победи во првиот натпревар, меѓутоа сега Алба покажа карактер и со одлична игра дојде до израмнување. Димитријевиќ на теренот помина 20-тина минути и во нив постигна 17 поени и додаде две асистенции еден скок.

Со ваквиот учинок тој беше прогласен и за играч на натпреварот, меѓутоа не беше доволно за Баерн да слави победан а домашен терен.

Сега финалето се сели во Берлин и Баерн ќе мора да брка брејк, ако ја посакува титулата, дуелот е закажан за 17 јули.