Холандија и Јапонија се разбудија во вториот дел и ремизираа! (ВИДЕО)

Во натпревар со две различни полувремиња, Холандија и Јапонија ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2 во првиот натпревар од групата Ф на Светското првенство.

Првото полувреме од натпреварот не донесе речиси ништо и беше едно од најздодевните досега на Мундијалот, па така и мрежите мируваа.

Но, работите се променија на самиот почеток од вториот дел, по само шест минути фудбалерите на Ливерпул, Гравенберх и Ван Дајк се погрижија за водство, првиот асистентираше, а дефнаизвецот се запиша во листата на стрелци.

Многу брзо следуваше и одговор од Јапонците, Накамура си направи простор, одлично шутираше и во 57-та минута израмни на 1-1.

Овие минути беа сосема поинакви од она што се случуваше во првото полувреме, па по некоја прилика видовме и трет гол, Гравенберх одново беше асистент, а стрелаше Самервил за 2-1.

Jaпонците не се откажаа и до самиот крај се обидуваа да дојдат до гол за бод и тоа на крајот им се исплатеше кога во 89. минута Камада со глава го матираше холандскиот чувар на мрежата за конечни 2-2.